Живко Мукаетов по четврти пат дел од собирот на лидери на Југоисточна Европа

by Фокус

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов и годинава е дел од четвртиот по ред елитен собир на успешни бизнис лидери и политичари од Југоисточна Европа: „Самит 100 – Договор за новата ера“.

Во рамки на Самитот кој годинава се одржува во Порторож, Словенија, Мукаетов, заедно со Ивица Мудриниќ од „Дојче Телеком“ го модерираа панелот со градоначалниците на 4 регионални метрополи: Љубљана, Сараево, Загреб и Подгорица. Во рамки на пленарниот панел насловен како: „Паметни градови за одржлив развој: Претворање на регионалните метрополи во попаметни иновативни центри“, челниците на  четирите главни градови ги споделија своите искуства, презентирајќи ги реализираните и тековните проекти во напорот да го зголемат одржливиот развој на метрополите со кои управуваат. Градоначалниците на Љубљана и Загреб, кои како градови предничат во регионот во однос на исполнување на целите за одржлив развој, во текот на панелот имаа конструктивна дискусија околу дополнителните ресурси (капитални и човечки), кои би им биле потребни со цел да ги направат градовите поекономични, поефикасни и попријатни за живеење за граѓаните.

Учество на панелот модериран од страна на Мукаетов и Мудриниќ зеде и експертот од американската мултинационална компанија „ИБМ“ (IBM – International Business Machines), Мајкл Диксон, кој воедно е и Директор на ИБМ Програмата за паметни градови на глобално ниво.

 

 

 

 

 

Поврзани новости