Драги средношколци, иако знам дека сте обединети како никогаш до сега, сепак ќе се обидам да ги разубедам и тие што се уште се колебаат и не се сигурни во поддршката за протестот што за утре планирате да го одржите.
Почитувана младино, почитувани ученици, животот е пред вас, а тој уште од сега па и понатаму ќе почне да ви носи предизвици со кои постојано ќе мора да се борите, ќе ве фрла во искушенија, ќе ве успорува и се ќе направи да ве обесхрабри во тоа што го мислите и за тоа кое мислите дека е исправно да го направите. Средношколските години се години кога се будат првите вистински бунтовнички иницијативи, тогаш почнувате да се спротиставувате на неправдата а со тоа го градите својот карактер како независна личност. Секоја една битка за своите права ќе ве научи и ќе ви помогне подобро и поумешно да се борите во следната. Ќе ви даде самодоверба и кураж со кои ќе бидете подготвени и силни за следната пречка. Во ниеден случај немој да не се обидете, да се предадете или да се откажете од тоа што сакате да го направите.
Имате верба во сопствената сила, посветете се на своите идеи, бидете упорни и трпеливи, бидете храбри за себе, за своите родители и за своите другари. Вие како такви и требате на оваа држава за да просперира со народ кој заслужува да чекори гордо и исправено кон својата иднина. Јас силно верувам во вас па затоа и безрезервно Ве поддржувам.
И запомнете, и во ситуации да не успеете, имајте на ум дека секогаш е подобро чесно и гордо да паднете, отколку нечесно и без борба да успеете.