Граѓаните не можат да им вратат 100 милиони евра на банките

by Фокус

Износот на кредитите кои граѓаните не можат да им ги вратат на банките и штедилниците е 100 милиони евра, стои во најновиот извештај на Народна банка на Република Македонија за месец март. Ова е пораст од 5 милиони евра кај сомнителните и спорни побарувања, кои банките не можат да си ги наплатат.

Фирмите, пак, не можат да им вратат на банките 375 милиони евра.

Според извештајот на Народна банка, кредитирањето е зголемено во споредба со минатиот месец. Износот на пари кои банките ги дале како кредити е 4,2 милијарди евра, што во однос на февруари е зголемување за 48 милиони евра.

Поврзани новости