По првиот потврден смртен случај кај 57 годишна жена од Куманово, направена е контрола на процесот на лекување и третирање на пациентката, рече министерот за здравство Венко Филипче.
-Првиот преглед е направен на 16 март, жената имала температура, на што при извршеното интервју одговорила дека не патувала во странство и дека немала контакти со лица кои патувале во странство. Следниот ден дошле заедно со синот, кој сега е сместен на Инфективната клиника. Двајцата со температура не навеле контакти за патување или контакт со лица што патувале во странство. Примиле терапија во дневна болница и бидејќи биле без кашлица пуштени се дома. Подоцна на 19 март е констатирана пневмонија и двајцата се сместени во болницата, земени се тестови во два наврати, на 19 на двајцата, а на 20 кај мајката и повторно биле негативни. На 21 состојбата кај мајката се влошува направени се обиди за реанимација, но состојбата била лоша и пациентката починала. Подоцна од посмртниот материјал излегува дека е позитивна на корона вирус, објасни Филипче.
Тој појасни дека преиспитани се и претходно земените материјали и пак излегува дека се негативни, затоа Филипче дека и светските искуства покажуваат дека тестот не е 100 проценти сигурен метод на утврдување на коронавирусот.
– Во консултација со стручен тим ќе се види дали ќе се прават тестирања и изолација на лицата кои биле во контакт со починатата и синот, рече Филипче.