ВИДЕО Центарот на Скопје празен и пред полицискиот час

by Fokus

Полицискиот час е нешто што се донесе зашто беа детектирани многу прекршувања на советите, на апелите, на забраните за групирање. Сведоци сме и знаеме дека се собираа групи на млади луѓе на Водно во вечерните часови, во околните места околу околината на Скопје, излетничките места. Вака изгледа Центарот некаде околу 19 часот, граѓаните веројатно се дома, но не сме сигурни дали е поради времето, тоа што е недела или пак стравот од вирусот.

Со Одлука на 25 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 21 март, на подрачјето на целата држава се воведува забрана за движење на населението во временски период од 21:00 – 06:00 часот, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението. Забраната стапува на сила денеска.

Од кривично правен аспект, Јавното обвинителство ја известува јавноста дека непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Имено, за ова кривично дело се одговара кога за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не се постапува според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување.

За ставот 1, за кој е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари.

Поврзани новости