Починал пациент од ретка болест чекајќи лек

by fokus 19:57
19:57

Eден пациент почина, а друг е доведен во ситуација кога многу брзо ќе му треба трансплантација на бели дробови и срце, соопштија денеска на прес конференција  од Националната алијанса за ретки болести.

-Се случува тендерските постапки да се влечат од три до шест месеци во меѓувреме да снема лекови и луѓето со месеци да останат без терапија.Тоа е недозволиво, бидејќи за одредени ретки болести лекот значи живот. Годинава еден пациент почина, а друг е доведен во ситуација кога многу брзо ќе му треба трансплантација на бели дробови и срце. Тоа можеше да се избегне, ако навреме добиеја терапија, изјави Весна Стојмирова, од Националната алијанса за ретки болести.

Стојмирова додаде дека дел од лековите што се набавуваат се со сомнителен квалитет, бидејќи при набавката главен критериум е ниската цена, а не се води сметка за квалитетот и за транспортот.

Поврзани новости