СДСМ: И Миноски слепо ги следи наредбите на Груевски

by fokus 19:36
19:36

Социјалдемократскиот сојуз го обвини министерот за финансии, Кирил Миноски дека само немо учествува во неконтролираното задолжување на власта.

-Збунетиот почетник министер очигледно ги манипулира граѓаните со тоа што ќе ја презентира еврообврзницата како ,,странски капитал“…На економски неписмениот Миноски очигледно не му е доволно јасно што е долг, а што е капитал .. Евентуалното издавање на нова еврообврзница не е ништо друго освен нов нелегален долг натоварен на грбот на граѓаните- реагираат социјалдемократите.

СДСМ го обвини Миноски дека исто како и неговиот претходник, Зоран Ставрески, продолжувал слепо да ги следи наредбите на партијата на власт.

Поврзани новости