Починаа уште 26 лица заразени со ковид

by Фокус

Во последните 24 часа, починаа 26 лица заразени со ковид. Од нив, седум пациенти се од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83), еден од Куманово (69), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71), еден од Тетово (53), тројца од Струга (56, 84 и 81), двајца од Битола (62 и 74), тројца од Охрид (66, 65 и 79), двајца од Гостивар (68 и 82), двајца од Струмица (74 и 62) и еден од Делчево (56г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти од: Скопје-259, Куманово-24, Дебар-11, Штип-14, Прилеп-25,  Тетово-32, Велес-17, Битола-19, Кавадарци-21, Гостивар-18, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-8, Кочани-6, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-5, Валандово-3, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-8, Кичево-7, Ресен-2 и Неготино-15.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.425, бројката на оздравени пациенти е 58.720, на починати е 24.27, а бројот на активни случаи изнесува 20.278.

Поврзани новости