Нови 530 случаи на ковид 19

by Фокус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.999 тестирања, а регистрирани се 530 нови случаи на ковид-19.

Ситуацијата по градови е следна: Скопје-229, Куманово-37, Штип-10, Прилеп-37, Тетово-5, Струга-13, Велес-14, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-32, Гостивар-13, Гевгелија-9, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-4 Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-1, Пехчево-8,  Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-8, Неготино-12.

Со тоа, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.425 лица.

Поврзани новости