Разбиена група која продавала лажни ковид-тестови

by Фокус 19:46
19:46

Полицијата во текот на денот изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови.

„При претресите се одземени мобилни телефони, персонални компјутери, лап топ компјутери, мемориски картички, 118 бланко договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативно пцр тестови, печати, факсимил од австриски нотари друга документација“, соопшти МВР.

- Advertisements -

По документирање на случајот, до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Поврзани новости