Во последните 24 часа, починаа 26 лица заразени со ковид. Од нив, седум пациенти се од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83), еден од Куманово (69), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71), еден од Тетово (53), тројца од Струга (56, 84 и 81), двајца од Битола (62 и 74), тројца од Охрид (66, 65 и 79), двајца од Гостивар (68 и 82), двајца од Струмица (74 и 62) и еден од Делчево (56г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти од: Скопје-259, Куманово-24, Дебар-11, Штип-14, Прилеп-25, Тетово-32, Велес-17, Битола-19, Кавадарци-21, Гостивар-18, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-8, Кочани-6, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-5, Валандово-3, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-8, Кичево-7, Ресен-2 и Неготино-15.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.425, бројката на оздравени пациенти е 58.720, на починати е 24.27, а бројот на активни случаи изнесува 20.278.