586
Маж на 48-годишна возраст од Тетово починал во затворот Идризово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во 09.54 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал А.Г.(48), осуденик од Тетово. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Телото на починатиот по наредба на Јавен обвинител било дадено за обдукција“, соопшти полицијата.