Руски балони над Киев, повеќето соборени

by Fokus

Шест руски балони се забележани над Киев, а повеќето од нив се соборени со противвоздушни ракети, соопшти денеска воената управа на главниот град на Украина.

Во соопштението објавено на Телеграм, властите во Киев нагласија дека балоните можеби носеле аголни рефлектори и опрема за разузнавање.

Потенцијалната цел на пуштањето балони била да се „исцрпи нашата противвоздушна одбрана“, соопштија силите на Киев, додавајќи дека ќе бидат донесени конкретни заклучоци по деталната истрага.

Поврзани новости