Почина уште едно новороденче во болницата во Битола

by fokus

Уште едно новороденче починало вчера во болницата во Битола, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на изјава на директорката на болницата Елизабета Ивановска.

Станувало збор за четврта бременост на млада мајка на возраст од 21 година, која до 7 месец не била во Македонија и немала контролирана бременост, а според директорката Ивановска и третото бебе на родилката починало на сличен начин.

Ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините поради кои настапила смртта, но според информациите од Ивановска, бебето било родено мртво.

-Бебето е родено со цезареа, немалтретирано. Породувањето е направено поради вишок на плодова вода и извадено е бебето без знаци на живот, без срцева акција. Деведесет проценти се работи за некоја аномалија зашто на ист начин е починато и претходното бебе, изјавила Ивановска.

Ова е втор пат бебе да почине во оваа болница за краток временски период од неколку месеци.

Поврзани новости