365
37-годишен маж со иницијали К.М. од Ново Село почина вчера откако изгубил контрола врз тракторот со кој управувал и паднал во провалија.
„На 02.10.2018 година околу 19.10 часот во село Сушица, струмичко, на место викано „Обрак“, К.М.(37) од село Ново Село, движејки се со трактор по некатегоризиран пат, изгубил контрола и паднал во провалија. Од здобиените повреди К.М. починал на местото на настанот. Увид извршила екипа од СВР Струмица“, соопштија од МВР.