479
Шеесет и осумгодишниот Мијалчо Тодоровски утрово починал откако врз него паднал потпорен зид.
Од МВР информираат дена несреќата се случила утрово, во 9.10 часот, кога на улицата Дане Крапчев, Тодоровски застанал во близина на објект, каде што се изведувале градежни работи, но во еден момент попуштил потпорниот зид и го затрупал. Повредениот починал на лице место.