Морална тапост и идолопоклонство кон лидерот ги спречи младите груевисти да реагиаат кога колабираше нивниот сопартиец

by fokus 12:47
12:47

Страв да не се прекине говорот на партискиот лидер, слепо идолопоклонство железна дисциплина и морална тапост, гледаат социолозите и експертите за социјална психологија во вчерашниот случај кога момче се онесвести за време на прес конференцијата на Никола Груевски, а никој од пристутните во салата не реагираше за да му помогне. Дел од експертите однесувањето го споредуваат со хитлеровата младина и велат дека се уште постои страв во партијата да се направи било што без дозвола од „старешините“.

Вината кај Груевски ја гледаат во неговото доцнење, кој се појави на бината час и половина по определениот термин. Членовите на Унијата на млади сили трпеливо го чекаа и го поздрвија со аплауз кога најнакрај се појави на сцената. Професорот по социологија, Нелко Стојановски, вели дека тоа не е пракса на високи државни функционери.

- Advertising -

-Тоа не е својествено за луѓе од високата политика во светот. Се почитуваат нормите за прецизност, а кај Груевски се јавува перманентно. Доцнеше и како гостин на лондонската филхармонија, него го чекаат и високи делегации од меѓународната заедница. Децата биле изморени од долгото чекање, а освен тоа игра улога и стравопочитта кон лидерот како политичка величина. Сепак, најголем впечаток ни остава тоа што никој од помладите не му пружи помош. Станува збор за морална тапост кај сите поради тоа што не можеле да го согледаат тоа што се случува до нив, но и страв да не се прекине протоклот – вели професорот Стојановски.

Невропсихијатарот и експерт за социјална психологија, Мице Дудучки, вели дека овој феномен во медицината се нарекува слепо груевистичко идолопоклонство. Кутрите, УМС-овци, вели морале со пруска дисциплина да го одстојат читањето од идиот на Груевски. Нивното нереагирање, додава, е резултат на железна дисциплина, карактеристична за хитлеровата младина.

-Загрижува индиферентниот однос на младите луѓе околу колабираното момче. Дали се работи за отсуство, макар и на рефлексна реакција или пак страв да не се наруши протоклот на „психопаторот“, ќе остане да биде предмет на психолошка анализа на поданичкиот менталитет кај клинеталата на се уште недомонтираниот режим од најцрн груевистички маштап. Исто така ќе биде присутна горчината во душите на обичните слободномислечки граѓани – вели Дудучки.

Груевски, вели Дудушки, потоа во гебеловски манир, ја искористува ситуацијата, и за да ги амортизира реакциите на јавноста се фотографира со момчето. Во прилог на објавените фотографии, пак, напиша дека случајот на неговата прес конференција го засенил пресот на Заев, кој претходно дента даде отчет за сработеното, што е повторно, велат, аналитичарите, злоупотреба во насока да се нападне противникот.

М.В.

Поврзани новости