Заев ги прими исклучените од Топлификација кои веќе две и пол години излегуваат на протест

by fokus

Ќе најдеме решение за проблемот за граѓаните исклучени од централното греење согласно законските прописи, им вети премиерот, Зоран Заев, на исклучените од системот на централно греење на Топлификација кој и понатаму мораат да плаќаат сметки за греење затоа што нивните соседи од истата зграда се приклучени на системот.

Заев денеска се сретна со членови на Здружението за заштита на граѓански права „Но Пасаран“ кој веќе две пол години протестираат секоја сабота пред Регулаторната комисија за енергетика со барање да се поништи правилникот кој ги обврзува да го плаќаат паушалот.

„Претставниците на здружението „Но Пасаран“ го информираа премиерот Заев за проблемите со кои се соочуваат, а се поврзани со постојаните притисоци од извршители, блокирани сметки и тужби за сметки што ги добиваат за парно греење и покрај тоа што се исклучени од системот. На средбата премиерот Заев соопшти дека Владата на Република Македонија веќе бара начин за решавање на овој горлив проблем за граѓаните, согласно законските прописи, и дека во најбрзо време ќе предложи начин како ќе се отстрани оваа неправда“, соопштуваат од Владата.

Заев, велат од тамул, ги потврдил цврстите заложби на владата да работи во служба на граѓаните и во тој правец ќе се носат решенија кои ќе превенираат вакви проблеми да се случуваат во иднина.

Поврзани новости