623
Шабан Зендели, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Македонски железници Транспорт, почина по кратко боледување.
Зендели беше дел од раководството на Алтернативната партија, која произлезе по расцепот во Беса.
Зендели се смета за еден од најистакнатите интелектуалци во кумановскиот регион. Од 1993 година до 2018 година извршуваше неколку функции во Царинската управа, а во 2018 година беше назначен за генерален директор на „Македонски железници- транспорт“.