Судењето за Латас се одложи, немаше кој да пушта „бомби“ во судница

by fokus

Судењето за случајот „Тотал“  во кое обвинет е Драган Павловиќ Латас се одложи бидејќи во судница немаше кој да ги пушти „бомбите“ предложени од СЈО како доказ.

Како што појасни судијата Ѓоко Ристов, во судот поради летните одмори имало само еден информатичар кој можел да ги пушта аудио разговорите, но тој бил ангажиран на притворски предмет.

Наредното рочиште е закажано за 20 септември.

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.

Осомничениот се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

Специјалното јавно обвинителство на 18 октомври го примило известувањето од скопскиот Кривичен суд дека е прифатен обвинителниот акт за случајот „Тотал“.

В.В.

Поврзани новости