914
По долго и тешко боледување, на 85 години во Скопје почина актерката Таска Балабанова, објави Телма. Со гласот на Балабанова израснаа многу генерации слушатели на Радио Скопје, денес Македонско радио.
Таска Балабанова е родена во Велес. Како актерка, кариерата ја започна во некогашниот Младинско- куклен театар , од кој во 1965 е формиран Драмскиот театар. Балабанова потоа замина во Радио Скопје, каде до пензионирањето работеше како радио актер и го позајмуваше својот глас во бројни радио драми, во „ Веселата емисија“, „ Лирското интермецо“, култната серија „ Хихирику“. Незаборавна е нејзината интерпретација на ликот Олива во цртаната серија „ Попај морнарот“, како и надсинхронизациите во серијата Штрумфови.