Трајановски до Шилегов: Бидете среќен што сте градоначалник после мене

by fokus 19:16
19:16

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски во вечерашниот ТВ дуел со сегашниот градоначалник Петре Шилегов на Канал 5 му порача дека треба да е среќен што е градоначалник после него.

-Јас се јавив после два три месеци, имаше еден проблем за кој сакав да му укажам. Тој не ми одговори и затоа повеќе не го побарав. Господине Шилегов, бидете среќни што сте градоначалник после мене. Да имавте ЈСП без ниту еден исправен автобус, да имавте Комунално без никакви возила… Тие задолжени претпријатија беа наследени од СДСМ, задолжени, неекипирани, неорганизирани, рече Трајановски.

- Advertising -

Поврзани новости