656
Универзитетскиот професор Јане Миљовски почина вчера во Скопје.
Како професор на Правниот факултет Миљовски беше избран за министер без ресор во експертската влада на Никола Кљусев. Подоцна, во првата политичка Влада беше вицепремиер и министер за финансии, а еден кус период и потпредседател на тогашниот владеjaчки СДСМ.
Отако замина од политиката Јане Миљовски стана ректор на приватниот Њујорк колеџ во Скопје.
Миљовски ќе биде погребан во вторник во 10 и пол часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капела од 9:30 до 10:30.