689
Поранешниот австриски вицеканцелар Ерхард Бусек, кој важеше за добар познавач на состојбите во Југоисточна Европа, ненадејно почина на 81-годишна возраст, објавија австриските медиуми.
Од 1991 до 1995 година, Бусек беше лидер на Австриската народна партија (ОВП). За тоа време тој беше и вицеканцелар.
Бусек беше експерт за состојбите во Западен Балкан и се залагаше за поголема улога на Унијата во Западен Балкан
Тој беше и специјален координатор на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.