Ленин Јовановски: Путин само помага, не е воен злосторник

by Fokus

Путин не е воен злосторник. Нема основа да се прогласи за такво нешто. Тој долги години е повикуван од својот народ да помогне во решавање на проблемот во Донбас, рече Ленин Јовановски, еден од коосновачите на мото-клубот „Ноќни волци“ во емисијата „Само вистина“.

Според него, од 2014 година таму има невиден терор, особено од, како што вели, нацистичките баталјони на Азов и Десен Сектор.

-Осум години има страшни работи таму. Никој не го осуди очигледниот фашизам. Според ОН, досега загинале над 3000 лица во Донбас, а неофицијално тој број е десет пати повеќе. Путин со воената операција само беше испровициран за тоа што се случува таму, појасни Јовановски.

На прашањето дали се уште е во контакт со рускиот претседател, Јовановски изјави:

-Сум имал јавни средби со Путин, кои беа проследени од светските медиуми и тоа е доволно што треба да се знае.

Поврзани новости