ЕУ го одобри четвртиот пакет санкции против Русија

by Fokus

Француското претседателство на Советот на ЕУ соопшти попладнево дека е усвоен четвртиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина.

Новите санкции се повторно насочени кон олигарси блиски до рускиот претседател, лица и ентитети инволвирани во нападот врз Украина и имаат за цел да ја погодат руската економија.

Санкциите се однесуваат на клучни економски и индустриски сектори како енергијата, луксузните производи, пристап до глобалниот пазар и финансиските институции. Целта на ЕУ е да го ослаби темелот кој му овозможува на Кремљ да ја финансира војната во Украина.

Поврзани новости