Почина пилотот на рускиот авион што се урна во Азовското море

by Fokus

Пилотот на рускиот воен авион Су-25 што денеска се урна во Азовското Море загина, објави началникот на округот Јејск Роман Бублик на својот канал Телеграм, пренесуваат руските медиуми. Во пораката тој изрази сочувство до роднините на пилотот.

На социјалните мрежи се објавени непроверени видеа на кои се гледа како падобранот се спушта над морето во близина на плажата и големо прскање во водата.

Претходно руските власти соопштија дека тој успешно се катапултирал од авионот.

Претходно прес-службата на Јужниот воен округ извести дека борбениот авион Су-25, кој вршел тренинг лет над Краснодарската територија, се урна над Азовското Море.

 

Поврзани новости