476
41-годишна охриѓанка со иницијали Ј.М. починала вчера во 14.30 во Клиничкиот центар каде била донесена откако била пронајдена во бесознание во станот во Скопје каде живеела како потстанар.
„На 01.08.2018 година во 09.25 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека Ј.М.(41) од Охрид, која како потстанар живее во Скопје на улицата „Миле Поп Јорданов“, веќе два дена не доаѓала на работа. Истата била пронајдена во станот, во бесознание и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде во 14:30 часот починала. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција“, соопштија од МВР.