Почина музичката ѕвезда од поранешната СФРЈ, Крунослав Слабинац – Киќо

by Fokus

Почина еден од најпознатите пејачи од поранешна Југославија, Крунослав Кичо Слабинац (76), пишува Јутарњи лист.

Пејачот беше опериран неколку пати во изминатите месеци и иако неговите роднини се надеваа дека сè ќе биде подобро, лекарите во неколку наврати ги подготвуваа за најлошото.

Слабинац зад себе остави два сина и бројни обожаватели. Според претходните пишувања на РТЛ, состојбата на пејачот се комплицирала по операција на срцето.

По првата следеле уште две, кои не можело да ги издржи организмот на Слабинац.

Кичо е роден во 1944 година во Осиек, а се прослави низ целиот регион во 1970-тите.

Како пејач, композитор, гитарист и аранжер, тој постигна голем успех низ цела Југославија и е победник на многу настани на Балканот, како што се Белградска пролет, фестивали во Опатија, Сплит и други. Тој е познат како пејач на популарна музика, но и на славонска народна музика.

Поврзани новости