Почина Монти Норман, автор на музиката на филмовите за Џејмс Бонд

by Fokus

Британскиот композитор и текстописец Монти Норман, чии дела ја вклучуваат оригиналната музичка тема во филмовите за агентот Џејмс Бонд, почина на 94-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврди семејство.

Дете на латвиски имигранти, Норман порасна во источниот дел на Лондон, каде што неговата мајка му ја купи првата гитара на 16-годишна возраст.

Тој продолжи да компонира за емисиите на „Вест енд“ како Expresso Bongo и Irma La Douce, пред да премине на филм.

Неговата Бонд-тема, нарачана за „Доктор Но“ од 1962 година, се користеше во целиот серијал.

Поврзани новости