Почина младиот Христијан кој чекаше трансплантација на срце

by fokus

Христијан Неделковски кој осум години чекаше трансплантација на срце денеска почина, информираа од здружението „Храбро срце“.

-Со огромна болка и жалење ве информираме дека нашиот Кристијан почина, премногу изгубени години во макотрпно чекање и исполнување на „ветувањата“ од сите институции. Толку вреди еден човечки живот кај нас, за жал, што дури 8 години ниту еден од надлежните не се потруди да му помогне за да го најде својот спас надвор од нашата земја. Почивај во мир, Кристијан, вечно ќе ни недостасуваш, храбро срце!, напишаа од здружението.

Христијан осум години имаше вградено две пумпи на батерии, чии рок на траење е пет години.

Поврзани новости