(ГАЛЕРИЈА) ВМРО-ДПМНЕ во Битола ја промовираше „Обновата на Македонија“

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Битола, еден ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, ја промовираше својата програма за предвремените парламентрни избори. Програмата се вика „Проект – Обнова на Македонија“.

-Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква каква што сакаме да ја имаме.
Следува период на нова надеж, нов исчекор каде ќе покажеме дека не сме сите исти, и дека сме различни од нив. Проектот „Обнова на Македонија“ опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од врвни експерти од земјава и странство, таа е базирана на директни потреби на граѓаните, кои ја синтентизираат нашата визија во работи со конкретни рокови кон кои јас како човек и мојот тим се обврзуваме дека ќе ја исполниме. Го имате мојот збор, а дадениот збор е најважната обврска врз која почива угледот и честа на секој поединец.
Обновата е нешто кое народот го бара и го чека долго време, а таа подразбира да имате контрола на својот живот, но и контрола врз заедничките судбини. Тоа значи да имате повеќе за да ви биде подобро. Подразбира нова надеж, шанса за сите, подразбира да го сакате своето, да го помните минатото, но и да се борите за иднината. Македонија мора да се промени, а таа промена која сакате да ја видите е токму ОБНОВАТА, порача Мицкоски.

ФОТО: Димитар Петковски

Поврзани новости