Почина малиот Давид Стојановски, момчето кое собираше пари за операција

by Fokus

Малиот Давид Стојановски почина, објави кратовскиот портал „Аберџија“.

Давид е 13 – годишно дете од Кратово кое имаше рак на колено. Со бројни донации од сите страни на светот, се собраа средства за итна операција на ногата и спасување на животот на детето што сакаше да биде фудбалер. Лекарите од болница во Виена ја ампутираа ногата на Давид и му вградија протеза за да може да се движи.

Карциномот се прошири и на белите дробови и малиот Давид не ја издржа битката.

Поврзани новости