ВМРО-ДПМНЕ: Службен весник не смее да го објави Законот за јазици без потпис од Иванов

by Фокус

СДСМ и ДУИ ќе сносат и политичка и правна одговорност за неуставниот, неприменлив и штетен закон за двојазичност, кој на на сила го истуркаа со флагрантно кршење на законот и деловникот за работа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уставот мора да се почитува. Без потпишан указ од страна на Претседателот на Република Македонија нема закон, а доколку некој се обиде и се дрзне да го прекрши Уставот ќе сноси и соодветна кривична одговорност. Директорот на Службен весник смее да го објави законот без потпис на претседателот бидејќи со тоа ќе изврши злоупотреба на службената положба и овластување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму најавуваат дека спикерот Талат Џафери ќе сноси кривична одговорност за законот за јазици, кој, според партијата, е целосно неприменлив.

Поврзани новости