Почина легендарниот комичар Џери Луис

by Fokus

Холивудскиот комичар Џери Луис почина денеска на возраст од 91 година, во неговиот дом во Лас Вегас, потврди неговиот агент.

Неговата смрт е потврдена со соопштение објавено на Twitter, кој ја објави новинар од Las Vegas Review Journal.

„Легендарниот комичар Џери Луис почина од природна смрт во својот дом. Во тие моменти со него беше неговото семејство“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости