486
Познатата американска актерка Кери Фишер почина на 60 годишна возраст, откако пред четири дена имаше срцев удар. Информацијата денеска ја потврди нејзината ќерка Били Лурд.
-Со длабока тага Били Лурд потврдува дека нејзината сакана мајка Кери Фишер почина во 8:55 утрово. Ја сакаше целиот свет и исклучително ќе ни недостасува. Целото семејство се заблагодарува на утешителните зборови- пренесе портпаролот на Били Лурд, во изјава за светските медиуми.
Актерката почина во Лондон, каде бешe да ја промовира нејзината најнова книга „Принцезата дневничар“, базирана на дневниците што ги водела како 19-годишничка за време на снимањето на филмот „Војна на ѕвездите“ од 1977 година, во кој ја играше Принцезата Леја, лидерот на бунтовниците.