Ахмети преговара и со Груевски и со Заев

by fokus

ДУИ води преговори и со ВМРО­ ДПМНЕ и со СДСМ. Контактите се интензивирани, а конечната одлука ќе ја донесат во зависност од тоа кој ќе ги прифати нивните барања, јави Телма повикувајќи се на извори од партијата.

Од ДУИ брифираат дека нема да прават отстапки од црвените линии.Свесни се дека од пратеничките мандати на Албанците зависи формирањето на Владата, бараат претседател на Собранието да биде Албанец, официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, СЈО да стане уставна категорија, ослободување на политичките затвореници, рамномерна распределба на Буџетот, правична застапеност во сите институции.

Али Ахмети по Нова година ќе иницира уште една средба со партиите на Албанците. Очекувањата се дека покрај Алијансата на состанокот ќе дојдат и претставници на ДПА, а отворена е и поканата за Беса.

Останува неизвесно која партија од македонскиот политички блок ќе ги прифати максимилистичките барања и дали воопшто некој ќе успее да состави Влада.

Поврзани новости