1.1K
Кралицата на ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска, утрово почина во Скопје.
Легендарната музичка звезда почина на 73 годишна возраст, по кратко но тешко боледување.
Есма е носител на титулата Национален уметник на РМ од 2013, а на 30 октомври годинава во Торонто беше промовирана монографија за нејзината 55-годишна кариера. Монографијата е посветена на Есма, на нејзиниот покоен сопруг СтевоТеодосиевски и ансамблот „Теодосиевски“ и на сите генерации музичари што тие ги одгледале.
Есма настапуваше насекаде низ светот и има одржано стотици хуманитарни настани. Таа никогаш не роди свои, но посвои и одгледа 47 деца.