Над 8 000 набљудувачи ги следат изборите

by fokus

Денот на изборите го набљудуваат 7.585 домашни, 667 странски набљудувачи со 354 преведувачи, како и 75 странски новинари, информира Државната изборна комисија. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР акредитираше 281 набљудувач, а свои набљудувачи ќе имаат и некои дипломатски претставништва во земјава.

Граѓанската асоцијација „Мост“го следи изборниот процес со најмногу набљудувачи – над 3.000 и со покриеност на 55 отсто од избирачките места.

Граѓанската асоцијација ЦИВИЛ пак, уште утрово информираше дека вчера имале бурна ноќ, обработувајќи податоци за многубројни пријави за изборен поткуп во Скопје, Прилеп, Валандово и др.

Гласачите, изборни неправилности можат да пријават до сите невладини кои ги мониторираат изборите или на бесплатниот број 080 080 080.

Поврзани новости