Почина еден од најбогатите Македонци во светот

by fokus 14:27
14:27

На 87-годишна возраст вчера почина Мајк Илич, еден од најбогатите Македонци во светот. Веста ја соопштија локалните медиуми во Детроит, каде тој важеше за исклучително почитуван и влијателен граѓанин. Илич, кој е дете на македонски иселеници, беше пример за исполнување на американскиот сон.

Списанието „Форбс“ во листата на најбогати лица во светот за 2016 година, оцени дека тој се наоѓа 86 место меѓу 400 најбогати Американци, како и дека од регистрираните 298 милијардери во светот, тој е на 101 место, како милијардер од САД. Неговото богатство беше оценето на шест милијарди долари.

Мајк Илич е основач на популарниот ланец „Малиот Цезар пица” со 4.000 ресторани за брза храна низ целиот свет, сопственик на хокеј клубот Ред Вингс, бејзбол тимот Тигри и 15% од НБА тимот на Пистонс, сите три од Детроит, Мичиген.

Илич беше сопруг на Маријан Илич, неговиот партнер во животот и бизнисот цели 61 година. Тие имаат седум возрасни деца Денис (Џим Scalici), Рон, Мајкл Џуниор (Ноел), Лиза (Glenn Murray), Атанас (Пети), Кристофер (Kelle), Керол, 22 внуци и три правнуци.

Тој е роден во Детроит, Мичиген во 1929 година како дете на македонските иселеници Сотир Илич и Султана Tасеф Илич кои се доселиле во САД во 1924.

 

Поврзани новости