ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не мрдна со мал прст за сиромашните

by fokus

СДСМ во манирот на лагите од 15 септември продолжува да ја замајува јавноста. Тие кога имаа можност да направат нешто за сиромашните граѓани во Македонија не мрднаа со мал прст, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ дека планираат да воведат енергетски ваучери за струја и затоплување.

-Каде беше грижата на СДСМ за цената на струјата и енергенсите во време кога беа на власт и кога со „Бомбона бизнис“ го продадоа Електростопанство на Македонија. Граѓаните не веруваат во лицемерието и лажното душегрижништво на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости