Почина Душко Чифлиганец

by irena 20:53
20:53

Македонскиот бизнисмен и заменик-претседател на „Адора бизнис групација“, Душко Чифлиганец, син на Ванчо Чифлиганец,  трагично го загуби животот по тешка несреќа што се случила за време на мотоциклистичка трка во Брно, Чешка.

Несреќата се случила вчера околу 16 часот, кога Чифлиганец паднал од мотор и се здобил со сериозни повреди на мозокот. И покрај напорите на чешките лекари и повеќе од 24 часа интензивна борба за неговиот живот, тој им подлегнал на повредите во болница.

Чифлиганец е познат како љубител на мотори и автомобили, има добивано престижни признанија за брзински мотоцкилизам.

Слични вести