Водата од „Тасино Чешмиче“ во Центар не е безбедна да пиење

by irena 10:55
10:55

Градоначалникот, Горан Герасимовски информира дека бактериолошките анализи доставени до Општина Центар од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје покажале дека водата од левата и десната јавна чешма „Тасино чешмиче“ во Скопје не ги исполнува пропишаните стандарди за пиење.

Според резултатите, во водата е утврден зголемен вкупен број колиформни бактерии.

Герасимовски ги повика граѓаните да не ја користат водата за пиење сè до добивање нови резултати од испитувањата.

Слични вести