Почина 44-годишен маж од Богданци откако излетал со мопед

by fokus

44-годишниот Д.И. од село Богданци почина синоќа на локалниот пат с.Стојаково-с.Селемли откако изгубил контрола над мопедотот марка „Лифан-50“ со кој управувал.

„Д.И.(44) од Богданци изгубил контрола над мопедот и излетал надвор од патот. Д.И. починал на самото место, а смрт била констатирана од страна на лекар од екипа на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска канцеларија Богданци со полициски службеници од Полициска станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости