480
Специјалното јавно обвинителство ја побарало од Основното јавно обвинителство документацијата за затворањето на весниците во сопственост на Медија принт Македонија.
СЈО од сега ќе ја води истрагата за тоа како згаснаа трите весници и ќе ги истражува сомнежите за злоупотреба на службената положба од тогашните први луѓе на фирмата, Срѓан Керим и Јана Станисављева.
Предметот е побаран од јавното обвинителство откако СЈО утврдило дека има надлежност.
Во време на затворање на весниците истражители на СЈО можеа да се видат во просториите на МПМ. Фирмата е сега во стечајна постапка.