Иселеник од струшко загина, а пет лица се повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

by fokus

45-годишниот Х.Р. од струшкото село Велешта, кој живеел во Германија, загина вчера по сообраќјка на патот Охрид-Кичево, откако „мерцедесот“ со кој управувал се судрил со возило марка „опел астра“. Во сообраќајката со повреди се здобиле пет лица, меѓу кои и две деца на возраст од осум и 14 години.

Како што велат од полицијата сообраќајката се случила вчера во 19.55 часот. „Опел астрата“ со кичевски таблици била управувана од 32-годишен кичевец со иницијали А.К.

„Во незгодата Х.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид, каде што во 23,40 часот починал. Со повреди се здобиле возачот на “опелот“ А.К., сопатникот од истото возило Х.С. (39) од Кичево, како и сопатниците од возилото “Мерцедес“ – Б.Р. (42) и две деца на возраст од осум и 14 години кои биле пренесени и задржани на лекување во болницата “Свети Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости