Почина 26-годишен скопјанец од струен удар додека собирал кабел

by fokus

26-годишен скопјанец од село Рашче го удри струја додека собирал кабел со макара на улицата „Прохор Пчински“ во Скопје, по што починал, информираат од полицијата.

„На 19.05.2018 година околу 16,50 часот во Скопје, во куќа на улица „Прохор Пчински“ при собирање на кабел со макара Н.Б.(26) од село Рашче добил струен удар. Со возило на Итна медицинска помош лицето е пренесено во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде од страна на доктор констатирана е смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од МВР.

Поврзани новости