885
Девојка (24) починала во хотел на Родос за време на нејзината роденденска прослава.
Според тамошните медиуми, девојката била на одмор со другарките со намера да направи забава во хотелот по повод нејзиниот роденден.
Таа во еден момент станала да свири на клавир и само се струполила пред гостите, пренесува грчка „Прототема“.
Персоналот на хотелот веднаш повикал брза помош, но на девојката и немало спас.
Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Медиумите јавуваат дека починатата девојка било родум од Родос, а неодамна завршила факултет.