Орав и Бејли утре ќе кажат дали треба да се одложат изборите

by Фокус

Иако беше најавено за денеска денеска, последните информации говорат дека ЕУ и САД најверојатно утре ќе ја соопштат оценката дали има услови за одржување веродостојни избори на 24-ти април.

Дел од медиумите објавија дека амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли ќе ја соопштат заедничклата оценка на заедничка прес-конференција, додека други дека тие ќе го сторат тое преку писмо до премиерот Емил Димитриев и партиските водачи.

Евроамбасадорот Орав, кој е на консултации во Брисел, пред неколку дена изјави дека проценката на ситуација е во три области за подготовката за изборите – избирачкиот список, медиумите и одвојувањето помеѓу државата и партиите.

Поврзани новости