Нов смртен случај на родилка во прилепската болница. 21 годишната Симона Блажеска починала ноќеска, откако во текот на денот се породила. Породувањето поминало добро, а таа била во добра здравствена состојба.
Околу 14 часот родила здраво машко дете, по што имала и посети од блиските во текот на денот. Но, околу 19 часот се пожалила на болки, а по настанатите компликации и обилното крварење, родилката починала еден час по полноќ. Роднините велат дека ќе бараат истрага за да дознаат што се случило со младата мајка на која ова и бил втор пораѓај.
Од болницата во Прилеп велат дека тие направиле се што можело за да ја спасат младата Симона. Породувањето течело нормално и го извршил гинеколог кој ја следел нејзината бременост.
-Пациентката беше префрлена во одделението за интензивна нега и реанимација, направена е опсежна реанимација, постапено е по сите стандарди и протоколи, ангажирани се 4 гинеколози, 2 анестезиолози, 1 уролог, но во 1,45 мин пациентаката почина, изјави Петар Ристевски, директор на градската болница „Борка Талески“ во Прилеп.